Здравје

Русија ја одобри првата вакцина против Ковид-19, вакцинирана и ќерката на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија стана првата земја во светот со регулаторно одобрување на вакцината против ковид-19, по помалку од два месеци тестирање врз луѓе, потег кој Москва го поздрави како доказ за нејзината научна моќ. Развојот го отвора патот за масовна имунизација на руското население, дури иако продолжува последната фаза на клиничките испитувања за тестирање на безбедноста и ефикасноста.

Брзината со која Русија се обидува да ја пушти својата вакцина ја нагласува нејзината решеност да победи во глобалната трка за ефикасен производ, но предизвика загриженост дека го става националниот престиж пред науката и безбедноста.

Говорејќи на владата седница на државната телевизија, Путин рече дека вакцината, изработена од московскиот институт Гамалеја, е безбедна и дека дури ѝ била дадена на една од неговите ќерки.

„Знам дека е доста ефикасна, создава силен имунитет и повторувам, ги помина сите потребни проверки“, рече Путин.

Тој рече дека се надева оти земјата наскоро ќе започне со масовно производство на вакцината.

Одобрување од  Министерството за здравство предвидува почеток на поголемо тестирање во кое учествуваат илјадници учесници, попозната како трета тест фаза. Ваквите испитувања, за кои е потребна одредена стапка на учесници да се заразени со вирусот за да се набљудува ефектот на вакцината, вообичаено се сметаат за основни предуслови за вакцината да добие регулаторно одобрение.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content