Економија

Цените на горивата остануваат исти

Цените на бензините, дизелот и екстралесното масло ќе останат исти согласно одлуката од 4 август, додека зголемување ќе има на малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,611 oтсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 52,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,412 ден/кг и од полноќ ќе изнесува 26,121 ден/кг.

Од 11.08.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,00 (денари/литар)
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 62,00 (денари/литар)
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 52,50 (денари/литар)
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 52,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС 26,121 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување за 2,262%, на дизелот за 1,045% и на екстра лесното масло за 1,048 %, додека кај мазутот има зголемување за 3,899%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,023%.

Од Регулаторната комисија за енергетика напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 11 август година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content