Технологија

По 35 години, Тошиба нема веќе да произведува лаптопи

По одлуката да го запре производството, јапонскиот гигант ги продаде останатите акции од својот компјутерски оддел на компанијата Шарп.

Тошиба тивко го затвори својот лаптоп- оддел, ставајќи крај на ова поглавје од својот бизнис по 35 години. Пред две години компанијата продаде 80,1% акции во производствота на персонални компјутери на Шарп за 36 милиони долари, по што Шарп го преименува во „Динабук“. Преземањето е завршено, откако преостанатите 19,9% од акциите дојдоа во нивни раце.

„Резултатот од овој трансфер е целосна сопственост на „Динабук“, кој сега е во целост сопственост на Шарп“, соопшти Тошиба во изјавата.

Првите лаптопи на Toshiba во 1985 година, во тоа време, имаа моќни батерии што можело да ги заменуваат T1100, простор на дискета и 256 KB меморија. Цената на уредот бил околу 2.000 американски долари во средината на осумдесеттите години.

Тошиба беше на својот врв во текот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, но со доаѓањето на поголем број нови играчи, нивното ограничено снабдување предизвика пад на популарноста.

За време на продажбата на Шарп, Тошиба продавал 1,4 милиони лаптопи годишно, а во 2011 година продале 17,1 милиони уреди.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content