СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Светско првенство во Прилеп

Воздухопловниот Клуб „ФИЛ ФЕНИКС“ од Прилеп одржа свечена седница во присуство на спортисти од клубот, овластени стручни лица и претставници на медиумите. На средбата беа промовирани постигнатите резултати и на добиени признанија, прогласени беа најдобрите спортисти во 2023 година, доделени беа лиценците на меѓународни судии и спортисти, како и беа споделени информации од домашна и меѓународна воздухопловна сцена.

На долгогодишната јуниорска државна првенка Анастасија Пожарска и беше доделено посебно признание за постигнати врвни резултати и освоени бројни трофеи на домашни и меѓународни натпревари, и досега највисокото достигнување со освојувањето на второ место во генерален пласман на светскиот куп во јуниорска конкуренција. Анастасија ги потврди своите квалитети со тоа што во 2023 година стана државен првак во јуниорска и сениорска конкуренција, и на најдобар можен начин ја заврши јуниорската кариера.

За најдобар спортист на клубот за 2023 година беше прогласен Лука Најдоски кој со освоен еден златен, три сребрени и два бронзени медали, и многу други високи пласмани на крајот на годината му обезбедија високо деветто место во генерален пласман на ФАИ светскиот куп.

Во категорија Ф1А (едрилици) на Михаил Пожарски му беше доделено признание за најмлад победник на „Прилеп Куп-Трофеј на Прилеп“, кој во 2023 година на осумгодишна возраст го освои првото место во сениорска и јуниорска конкуренција.

На државниот првак Дино Најдоски му беше доделено признание за најдобар спортист во категорија Ф1Х (едрилици за јуниори).

На свеченоста беа доделени лиценците за технички експерти и овластувања за меѓународни судии на стручни лица од клубот, како и меѓународните спортски дозволи на спортисти од клубот за 2024 година.

Здравко Тодороски ги информира присутните дека и оваа година стручните лица од клубот се пред голем предизвик, а Прилеп повторно ќе ја има честа да биде град домаќин на Светското Јуниорско Првенство во воздухопловно спортско моделарство.
Светското првенство се одржува од 5 до 10 Август 2024 година а како пред натпревар и запознавање на учесниците со условите на теренот, на 3 и 4 Август ќе се организира светскиот куп „Прилеп Куп-Трофеј на Прилеп“.
Добивањето на организацијата на светското првенство од страна на Меѓународната Воздухопловна Федерација не е случајно затоа што „Фил Феникс“ почнувајќи од 2000 година има повеќе децениско искуство и успешна организација на многу натпревари од светските купови, но веќе има организирано и едно светско и три европски јуниорски и сениорски првенства.

На крај на средбата присутните беа информирани дека за 2023 година од страна на Меѓународната Воздухопловна Федерација за посебни заслуги во развојот на воздухопловните спортови, а посебно за воздухопловното спортско моделарство на претседателот на клубот Здравко Тодороски му е доделено највисокото признание. Посебно е значајно што федерацијата ова високо признание го доелува само на едно лице во годината.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content