Спорт

„Microsoft“ интегрираше „Android“ апликации во „Windows 10“

„Microsoft“ во последните месеци сериозно работи на тоа да го направи „Windows 10“ значително моќен оперативен систем со вклучени опции за секого.

Овој пат, тие одлучија да им овозможат на корисниците на „Windows 10“ да користат „Android“ aпликации заедно со „Windows“ апликациите на своите компјутери. Функцијата моментално е достапна на тестерите на „Windows 10“.

Засега само преку „Windows Insider“ програмата

Оваа нова функција ќе може да се стартува преку „Microsoft“ апликацијата „Your Phone“. Во моментов може да се пристапи до листата на „Android“ апликации и да се стартуваат на „Windows 10“ оперативниот систем. Тие ќе се отвораат во посебен прозорец, кој треба да претставува телефонот на корисникот.

Исто така е овозможено извршување на повеќе задачи со други „Windows“ апликации со поддршка за „alt + tab“, а може и апликациите да бидат прикачени и на менито „Start“.

Тоа значи дека корисниците не мораат повеќе да пребаруваат преку „Mirror“ на нивниот смартфон, туку едноставно може да се активираат како да се вообичаени „Windows“ апликации. Голем дел од овие новитети претставуват можност за активирање на повеќе „Android“ апликации со исто време.

Редовните корисници на „Windows 10“ оперативниот систем нема да имаат пристап до оваа функција речиси до крајот на оваа година.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content