Локално

По повод црковната слава Храмот Св. Петка ги поканува верниците на света литургија со која ќе чиноначалствува Владиката Петар

Храмот Св. Петка во населбата точила во Прилеп ги поканува верниците на света литургија по повод празникот Света преподобна маченичка Параскева Римјанка, кој се празнува на 8 август.

По повод храмовата слава, а во светлината на преданието, од нашите предци нам предадено, на ден 08.08. 2020 година (сабота) ве покануваме заедно да го почувствуваме духот на вековното православно чествување и да го прославиме празникот посветен на нашата закрилничка и молитвена застапничка пред Христа, св. преп. мч-ца. Параскева (Петка) Римјанка, а во сеќавање на нејзиниот живот кој претставува поука и пример за исполнување на Евангелието.

Молитвеното чествување ќе започне со празнична вечерна богослужба во петок (07.08.2020 ) со почеток во 17:00 часот.

Литургиското чествување ќе започне во 8.00 ч., со кое ќе чиноначалствува Неговото Високо преосвештенство Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар.

По завршувањето на Литургијата ќе се одржи панихида за молитвен спомен на бранителите кои загинaa на Карпалак.

Се замолуваат верниците, при посетата на храмот и богослужбата, да ги почитуваат мерките за заштита (носење маска и одржување на растојание) од Кopoна виpycoт.

Со почит,

в. д. старешина протоереј Љупче Петрески
со свештенството и настојателството
при храмот „Св. преп. мч-ца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content