Локално

Во Прилеп тројца новозаболени со Ковид 19, осуммина оздравеле

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 3 нови случаи на коронавирус, а 8 лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 46, од кои 32 се наоѓаат на домашно, а 14 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 45 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 336.

На ниво на Македонија, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-23, Куманово-8, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-11, Велес-2, Битола-3, Охрид-8, Кавадарци-1, Гостивар-4, Струмица-1, Македонски Брод-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од: Скопје-57, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-8, Тетово-11, Велес-1, Гостивар-2, Кочани-4, Демир Хисар-1, Свети Николе-10, Кичево-2, Ресен-5.

Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје (56г. и 75г.), пациент од Куманово (91г.), пациент од Гостивар (64г.), пациент од Тетово (82г.) и пациент од Штип (58г.) Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11289,  бројката на оздравени пациенти е 7221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content