Здравје

Првичните резултати покажуваат дека вакцината на „Новавакс“ успешно произведува антитела

Компанијата „Новавакс“ соопшти дека нејзината експериментална вакцина против ковид-19 произведувала антитела против новиот коронавирус и е безбедна, според првичните податоци од малото клиничко испитување во рана фаза.

Компанијата за биотехнологија со седиште во Мериленд соопшти дека нивната вакцина, НВКС-ЦоВ2373, произвела повисоки нивоа на антитела кај здрави доброволци од оние што се пронајдени кај пациенти кои прележале ковид-19, пренесува „Ројтерс“.

Додавањето на супстанција наменета за зајакнување на имунолошкиот одговор на организмот го зголеми ефектот на вакцината, велат од компанијата.

Директорот на истражувањето, Грегори Глен, изјави за „Ројтерс“ дека компанијата наскоро ќе започне многу поголеми клинички испитувања во доцна фаза и потенцијално може да собере доволно податоци за да добие регулаторни одобренија уште во декември.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content