СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

„Гугл мапс“ со нова опција: Ќе покажува каде има најмногу заразени со Ковид-19

Функцијата пристигна во Гугл Мапс уште денес, а наскоро би требало да биде достапна во 220 земји ширум светот. Податоците ќе бидат прикажувани како црвена точка, а колку е повеќе црвена точката, толку има повеќе заразени на 100.000 жители.

На некои места податоците ќе бидат толку прецизни што ќе може да се види и колку заразени има во одреден дел од градот, но се зависи од тоа колку Гугл ќе успее да собере податоци за некоја територија, пренесе „Тек Радар“.

Податоците потекнуваат од бројни извори, како што се „Џон Хопкинс“, Википедија или Њујорк тајмс, а тие податоците ги добиваат од локалните и меѓународните организации.

 

Станува збор за истите податоци кои Гугл веќе ги користи кога прикажува важни информации за коронавиурсот.

Инаку бројот на починати од коронавирус во светот надмина милион, објави „Worldometers“.

Ширум светот се заразени 33,1 милион луѓе, а до сега се излекувале 24,5 милиони. Активни случаи моментално во светот има 7,6 милиони.

И понатаму најмногу заразени има во САД, 7,29 милиони, додека починале 209.231 лице.

Следува Индија со шест милиони заразени и 95.000 жртви. Во Бразил се заразени 4,7 милиони лица, а починале 141.000 луѓе.

Преку милион заразени има уште и во Русија каде починале преку 20.000 луѓе.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content