СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Нема да се игра тенис во Мадрид

Тенисот е дефинитивно спортот кој најмногу страда од коронавирусот, поради кој најверојатно нема да се игра ниту Мастерсот во Мадрид.

Веста за извесно откажување на турнирот во категоријата 1.000 тенисери ја објави Новак Ѓоковиќ, како претседател на Советот на играчи на АТП, пишува „Марка“.

Според шпанскиот весник, Ѓоковиќ им ги кажал лошите вести на своите колеги преку заедничка комуникациска линија.

Официјалната одлука треба да стигне во наредните неколку часа.

Мадрид требаше да биде домаќин на првиот Мастерс во Европа, откако новиот вирус го погоди целиот свет.

Локалните власти најавија ваков епилог, додека организаторите се обидоа да направат се за да играат на мадридската земја.

Иако се играат одредени егзибициски дуели и помали турнири, јасно е дека најтешко е погоден тенисот.

Мастерсот во Мадрид беше планиран за периодот од 12 до 20 септември. Ако се знае дека Ролан Гарос е планиран за крајот на септември и почетокот на октомври, може да се случи откажување на парискиот Грен- слем.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content