Култура

Ваучерите за туризам се продаваат на интернет

Туристичките ваучери во вредност од 6.000 денари, што ги делеше државата, се продаваат на интернет за половина цена. Nа специјализираните интернет-страници за продажба се нудат за цени од по 3000 и 4000 денари, а има и такви кои продаваат и по два ваучери.

Наместо да одат на одмор, граѓани им ги нудат своите ваучери на хотелиери или на сопственици на приватни апартмани.

„Има некои такви барања. Секогаш имало за било кој тип на донации и ваучери или помош, некој да си искешира на некој начин, отколку да ја употреби за таа намена за тоа што е даден тој ваучер. Не сум слушнал некој да има некаде направено такво нешто, бидејќи самите хотелиери не се заинтересирани за такви зделки. Тоа се многу мали зделки, за кои не вреди да се размислува“, изјавил за Алсат ТВ, претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content