Економија

Граѓаните потпишуваат онлајн петиција за укинување на покачувањето на струјата

Има онлајн петиција за укинување на покачувањето на струјата и намалување на ДДВ на 5 отсто.

Иницијативата „Млади за Македонија“ започна онлајн петиција со име „Граѓанска иницијатива за укинување на покачувањето на струјата и намалување на ДДВ на 5 отсто“.

Во петицијата стои дека граѓаните се револтирани на покачувањето од 7,4 отсто за електричната енергија и вознемирени од последиците врз цените на производите и услугите во Македонија.

„Бесни поради континуираното осиромашување на народот и државата од страна на странските монополи, загрижени за нашите сограѓани кои поради актуелната пандемија нема да можат да ги покријат своите сметки за електрична енергија и поскапите намирници, имајќи ги во предвид платите во Република Македонија, кои се едни од најниските во Европа, со надеж дека ќе го подобриме животниот стандард на народот, ја покренуваме оваа електронска Граѓанска иницијатива“, стои во онлајн петицијата.

Како прво барање е итно укинување на одлуката на Регулаторната комисија од 31 јули за покачувањето на струјата за 7,4 отсто. Второ, намалување на данокот на додадена вредност за електричната енергија за домаќинствата од сегашните 18 отсто на 5 отсто.

Барањата се до Регулаторна, Собранието, Министерството за економија, Владата и Претседателот.

Завчера е донесена одлука за покачување на струјата, по што имаше бројни реакции.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content