Култура

Импровизиран напад на Крушево, во „св. Прохор Пчински“ и годинава нема одбележување

Граночаланикот на Крушево Томе Христоски на својот фејсбук профил објави видео од синоќешниот импровизиран напад на Крушево, што традиционално е дел од настаните со кои се одбележува годишнината од востанието.

Во 1903 година, почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската република.

Четириесет и една година по иИлинденското востание, во манастирот „св. Прохор Пчињски“ кај Куманово, 115 делегати го одржале првото заседание на АСНОМ, на кое е потврдена положбата на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на Југославија. Во манастирот, кој денес е во рамки на Србија, со години не е дозволено одбележување на настанот, поради противењето на Српската православна црква.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content