Култура

Албанец од Тетово, гастарбајтер во Германија: Протераа нашинец затоа што газдата го пријавил за нелојалност

Ни раскажува еден Албанец од Тетово, гастарбајтер во Германија:

„Во фирмата кај што работам, газдата е над 65 години, секој ден пред работниците на работа, руча со нас во менза, муабет со сите… Така разбравме дека немаат деца со сопругата… Еден ден, еден наш, од гостиварско (само тој и јас бевме од Македонија во фирмиштево), му се обраќа на сопствеников на бизнисов: ’Абе, многу си чуден! Што туку се влечкаш секој ден пред сите на работа, се уште се секираш, мачиш…!? Кому ќе го остаиш бизнисов!? Земи продај се ова, оди шетај со жената си!’

Сите (Германци, Бугари, Турци, Грци, Руси…) заќутевме, ко залеани – вакво нешто да искоментираш и на вервериците им е повеќе од јасно дека во најмала рака е дрскост! Газдава, ’мртов ладен’, му возвраќа: ’Како бе, кому!? Па на Германија ќе и оставам! На државата, која и ми го овозможила ова да го создадам!’

Не помина недела, го снема нашинецов! Бизнисменов го пријавил во Имиграционо дека не е лојален граѓанин, дека не и мисли добро на Германија, дека е себичен…
Ене го гостиварчанецот, бере печурки да ги прехрани петте деца… “

Тоа е таа разлика!

Овде, во МКД, не можеш да најдеш лидер, авторитет што вака размислува, а не пак, бизнисмен или обичен човек!

Не сме ние мала земја. Мала ни е душата.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content