СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Тешко повредена 18-годишна девојка во сообраќајка на патот Градско – Прилеп

Осумнаесетгодишна девојка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Градско – Прилеп, соопшти полицијата.

Имено, синоќа во 00:30 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(23) од Росоман, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото З.Б.(18) од с.Трстеник, констатирани во болницата во Кавадарци.

 

Бил извршен увид на местото на настанот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content