СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

„Лидл“ почна да објавува огласи за работа

Германскиот трговски синџир „Лидл“ веќе има објавено огласи во Македонија за повеќе од десетина слободни работни позиции за архитекти, градежни инженери, ИТ-специјалисти и за бизнис-консултанти.

Огласите се отворени од април и постојано се реобјавуваат за да има поголем избор на квалитетни кандидати, вели за „Слободен печат“ Јулијана Миновска, управител на канцеларијата на „Хед-хантер“ во Скопје, иновативна компанија за вработување и регрутација, која е присутна во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, БИХ.

„Лидл“ ќе понуди компетитивни плати, а во втората фаза ќе следуваат и огласите за вработените во маркетите. Според најавите, овој германски трговец ќе биде присутен во 8 македонски града, но приоритет е Скопје.

 

Има интерес, иако сите знаеме каква е состојба во македонското градежништво. „Лидл“ бара квалитетен кадар, кој во првата фаза ќе биде одговорен за изградба на маркетите и поставување неопходна информациска мрежа. Се бараат 13 градежни инженери, а отворени се 5 позиции за ИТ-специјалисти и бизнис-консултанти. Познавањето на германскиот јазик е предност, но не е неопходно, а инженерите ќе треба да поседуваат една години искуство во струката – објаснува Миновска.

Идните вработени во „Лидл“ ќе треба да поминат обука во траење од шест до 12 месеци во Софија, Бугарија.

Компанијата нуди одлична обука, а за тој период на кандидатите ќе им биде платен престојот, сместувањето и одвоениот живот, сѐ со цел да се постигне врвно обучен кадар – додава Миновска.

И вицепремиерот Фатмир Битиќи во своето последно интервју за МИА призна дека влезот на германскиот трговски синџир во Македонија е голема инвестиција, за која требаат многу подготовки.

Во овој момент преговараме со нив дали нашите производи ќе станат дел од синџирот на набавка на „Лидл“, дали преку влегувањето на „Лидл“ во нашата земја ќе успееме нашите производи да ги ставиме во глобалниот синџир на „Лидл“. Тој е важен затоа што ќе донесе некои производи што во моментот можеби ги немаме, но за нас е битно нашите производи да станат дел од синџирот на Лидл. Мене ќе ми биде задоволство да видам наши домати да се продаваат во „Лидл“ во Германија – истакнува Битиќи во интервјуто.

За да почне со работа, „Лидл“ треба да изгради голем дистрибутивен центар, од кој потоа ќе ги снабдува своите маркети во земјава.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content