Политика

Постизборниот трансфер или купување на пратеници би било измама на граѓаните- зошто тогаш избори?

Евентуалниот постизборен трансфер или купување на пратеници преставува измама кон граѓаните, смета универзитетскиот професор Владимир Божиновски. Во јавноста подолго време се шпекулира дека Заев одморот го користи за лов, но не спортски, туку лов на народни избраници од другите партии, објавува Алфа.

Дека лидерот на СДСМ е подготвен на недемократски начин да ја промени волјата на граѓаните тврди и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој кажа дека на пратеници од неговата коалиција им биле нудени пари и повластувања, за да преминат во пратеничката група на СДСМ, но тоа минало без успех. Божиновски смета дека составување Влада со трансфер на пратеници би претставувало погазување на волјата на гласачите.

-Граѓаните гласале за одредена партија, за одредена коалиција. Тие пратеници кои што се избрани, се благодарение на тие гласови кои што се дадени за таа партија или коалиција, која што нуди се разбира одредена програма. Преминувањето од една во друга партија, особено веднаш по изборите претставува измама кон граѓаните, вели за Алфа универзитетскиот професор Владимир Божиновски.

Доколку навистина СДСМ успее со трансфер на пратеници на недемократски начин да формира Влада, се поставува прашањето зошто воопшто се спроведуваат избори, ако со кеш во Собранието може да се промени волјата на граѓаните.

-На тој начин се руши самата основа на постоењето на избори, како основен чин на демократијата. Доколку навистина се излезе точно дека некој ќе купи пратеници, кои што од една ќе преминат во друга партија или коалиција тогаш веќе се поставува прашањето зошто ни требаат избори, вели Божиновски.

Додека Заев според информациите кои кружат во јавноста, се обидува на вештачки начин да ја промени волјата на граѓаните, се поставува прашањето дали и во неговиот двор ситуацијата е чиста. Имено, од Беса се уште молчат дали постојат шанси да ја напуштат коалицијата „Можеме“ и да настапат самостојно во Собранието. Дека такво сценарио не е за исклучување покажуваат и двете официјални на Али Ахмети и Билал Касами.

-Со Касами го поздравивме завршувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули и заеднички ја прифативме позитивната оценка на меѓународната заедница, а особено ОБСЕ. За време на конструктивниот состанок, се согласивме да продолжиме со напорите за евроатлантскиот пат на земјата, како и на долгоочекуваните реформи кон владеење на правото, преку отворен и постојан дијалог, пишува Ахмети на Фејсбук.

Во јавноста постојат разни шпекулации околу можните коалиции кои би ја формирале следната Влада. Но, за истите молчат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Единствено преку партиски соопштенија и двете истакнуваат дека ќе се преговара за формирање на парламентарно мнозинство.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content