СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Пејачката јавно кукаше дека нема работа, па доби неверојатна понуда! НИНА ВО ШОК

Поп-пејачката Нина Бадриќ преку социјалните мрежи ѝ се обрати на хрватската власт да им овозможи на музичарите да работат, земајќи предвид дека веќе половина година не можат да ја вршат својата работа поради коронавирусот.

-Ова не е хоби, ова не е шега. Од оваа работа зависи егзистенцијата на многумина кои останаа гладни и едвај врзуваат крај со крај. Го замолувам Министерството да се огласи по прашањето на нас музичарите и да ни овозможи, како било, се разбира почитувајќи ги заштитните мерки бидејќи здравјето е најважно, повторно да почнеме да работиме, замоли Бадриќ.

Обраќањето на популарната пејачка привлече големо внимание, па преку Фејсбук една жена ѝ понуди работа.

-Еве, за неколку дена ќе го ископаме компирот, триесет хектари, во околината на Бјеловар, и потребни ни се работници, плаќаме 300 куни (околу 2.500 денари) од ден. Ве молам да ја известите дотичната ако сака да работи. Може да ги земе и Северина и другите што не зедоа помош од 4.000 куни (32847.68 ден.). Само, кажете ѝ да не ни дојде во дизајнерскиот фустан од 14.000 куни (115.000 ден.), со кој се пофали пред неколку месеци, бидејќи врнеше деновиве и доста е калливо, порача жената.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content