Здравје

Празник за очи: Докторките почнаа масовно да објавуваат фотографии во бикини

Научниците креирале профили за да ги истражуваат фотографиите кои што се објавени на интернет.

Група научници составена од мажи во поголемиот дел, направиле студија за фотографиите и содржините кои што медицинските сестри ги поставуваат на социјалните мрежи.

Истражувањето кое што било објавено во медицинското списание „Journal of Vascular Surgery“, ја допрело темата како објавените содржини на социјалните мрежи може да влијаат на изборот на докторите на идните пациенти во САД.

Научниците креирале профили за да ги истражат фотографиите објавени на интернет и ги осудиле фотографиите на кои што се гледаат медицинските работници во бикини со алкохолни пијалаци.

Докторките и медицинските сестри побеснеле поради ваквото истражување, па одлучиле да искажат протест на интересн начин – масовно почнале да споделуваат фотографии во бикини.

„И хирурзите носат бикини“ – објавила една жена која што работи како хирург.

Акцијата секако дека наишла на големо одобрување од страна на машкиот пол, кои што на социјалните мрежи имале само зборови за пофалба и поддршка на медицинските работници.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content