СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Честитка oд градоначалникот Борче Јовчески по повод пpaзникот Свети Климет Охридски

Денска се одбележува празникот Свети Климент Охридски – Чудотворец кој е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа и најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, тој станал заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.

 

Општина Прилеп на сите православни христијани им го честита празникот, посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет.

Градоначалник на Општина Прилеп

Борче Јовчески

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content