Здравје

Кој треба да носи медицинска маска, а кога помага платнената?

Носењето заштитни маски во време на пандемија на коронавирусот е неопходно како заштита. Постојат различни дебати во јавноста за тоа колку нè штитат и дали нè штитат, но и за тоа дали медицинските и платнените маски имаат исто дејство.

Светската здравствена организација објави видеа во кои е дадено објаснување за тоа кога и како мора да се носат медицински маски, а во кои ситуации може и платнени.

Според нивните наводи, медицински или хируршки маски се препорачува да носат здравствените работници, луѓето со симптоми на коронавирус и оние кои биле во близок контакт со заразени или се сомневаат дека се заболени.

Немедицинските или платнените маски може да влијаат превентивно против ширењето на вирусот.

СЗО наведува дека овој вид маски може да ги носат луѓе кои немаат симптоми таму каде што е раширен вирусот и каде не постои можност за социјално дистанцирање. Платнени маски можат да носат луѓе кои се во близок контакт со други луѓе како што се социјалните работници, касиерите во продавници, келнерите и други. Овие маски треба да се носат во јавен превоз или во такси, на работа доколку седат повеќе луѓе во иста канцеларија, во продавница и на јавни собири.

Маските не треба да ги допирате со валкани раце и да ги држите на други делови на главата.

Маските не штитат од вирусот доколку истовремено не се придржувате на другите превентивни мерки, како што се често миење на рацете и одржување физичка дистанца.

 

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content