СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Вработените на Google ќе работат од дома до следното лето

Компанијата Google одлучи нејзините вработени да работат од дома до јули следната година, објави денеска The Wall Street Journal.

„Извршниот директор Сундар Пичаи лично ја донесе одлуката минатата недела по состанокот на највисоките директори на овој интернет гигант“, пишува весникот.

Google претходно планираше работниците да останат да работат од дома до крајот на 2020 година.

Според The Wall Street Journal, првиот човек на компанијата сака посебно да им помогне на работниците кои мораат да се грижат за децата, затоа што функционирањето на училиштата ширум светот е неизвесно за почетокот на учебната година на есен.

Една германска студија неодамна покажа дека работењето од дома за време на корона-кризата работниците го доживуваат како позитивна промена.

„Вработените кои за време на корона-кризата се префрлија на работа од дома помалку се под стрес и се попродуктивни“, се вели во студијата спроведена од Forsa Institute и IGES за здравствената осигурителна компанија DAC.

Пред појавата на пандемијата, 21 отсто од анкетираните изјавиле дека биле под стрес, додека само 15 отсто го кажале истото за време на корона-кризата.

Меѓу оние кои, пак, редовно работат од дома, 56 проценти рекле дека се чувствуваат попродуктивно дома отколку на работа.

Други позитивни ефекти од работењето од дома е подобро приспособување на работата и семејството (две третини од испитаниците), а исто толку сметаат дека особено позитивен ефект од работењето од дома кажува тоа што не мора да патуваат до работното место.

Од анкетираните 76,9 отсто се изјасниле дека ваков начин на работа сакаат да имаат и во иднина.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content