Технологија

МВР не може да ги најде ХАКЕРИТЕ ШТО ГО УРНАА ДИК И ПОЛОВИНА ВЛАДА

Веќе три дена веб страните на МОН и МЗ не функционираат, а одговорност преземаа хакерите на Твитер кои велат дека тие само направиле екстракт на емаил пораките а серверот е изгаснат од страна на администраторите на овие институции. Во меѓувреме прашавме во МВР од каде одговорија накратко дека Одделот за сајбер криминал и дигитална форензика работи на расчистување на случајот.

Универзитетскиот професор Шпетим Љатифи за ТВ21 вели дека јавните институции се цел на сајбер напади затоа што штедат на одржување на серверите а и не обезбедуваат администратори на системите кои ќе се грижат во случаи на напад на нивните бази.

„Се гледа дека во реалност лесно е да се стане предмет на напад можеби и поради несовпаѓањето на повисоките стандарди кои треба да ги обезбедат администраторите на системите во овие институции“, истакна Шпетим Љатифи.

Љатифи вели дека преку истрага на ИП адресата, откриено е дека нападот доаѓа од Германија.

„Непотребно е да се губи толку време а се може да се направи брзо. Доколку институциите немаат соодветни одговорни лица, ова често се случува и со трети компании кои нудат услуга и заштита од дистрибуирани напади кои ја преземаат одговорноста за заштита, претходно со подигање на инфраструктурата доколку се случи таков напад“, посочи Шпетим Љатифи.

Еден од најголемите сајбер напади се случи токму на денот на изборите на 15 јули, кога група хакери успеаја да влезат во системот на ДИК за време на собирањето гласови и оневозможија истата да работи. Од групата МкдОпс на твитер најавија дека ќе ги хакираат извршителите кои како што велат го крадат народот во земјава.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content