Технологија

Фејсбук воведува нова опција, ќе може да ја користат и оние кои не се корисници

Фејсбук во четвртокот објави дека ќе покрене нова опција која на корисниците ќе им овозможи видеоповик со дури 50 учесници. Корисниците можат да ги повикаат луѓето да се приклучат во „месинџер соба“, вклучувајќи ги и тие кои немаат Фејсбук-профили, и да учествуваат на групни видеоповици во живо на кој било профил, страница или група на платформата, велат од оваа друштвена мрежа.

Фејсбук се обидува да „зграби колач“ со видео конференции кои станаа исклучително популарни поради пандемијата со коронавирус. Еден од најпознатите е Зум.

Други технолошки компании претставија слични услуги со цел да привлечат корисници, со тоа да гугл им дозволува на корисниците да организираат видеоконференција на Meet.

Од Фејсбук истакнуваат дека од четврток се воведува нова опција на нивната платформа која ќе биде достапна само во некои земји, а наскоро опцијата ќе се прошири во сите семји во кои се достапни месинџер собите.

Емитувањата во живо на страниците на Фејсбук се удвоија во јуни во однос на една година порано, како резултат на зголемувањето на ваквите преноси од март кога неколку земји започнаа со воведување карантини и мерки за социјална оддалеченост со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content