Технологија

Анонимуси овој пат го таргетираа МОН и Министерството за здравство

Пак ние. Овој пат најбедното министерство е наш таргет, Министерството за смрт. После се што видовме со наши очи не можеме а да не останеме глевни на сите тие синови и ќерки ставени на позиција да водат министерство за здравство каде што здравјето и животите на сите тука ни зависат!- е дел од пораката која ја испратија хакерите.

Црна позадина со текст и слика од „Анонимуси“ се појави вечерва на сајтот на Министерството за образование и наука и на Министерството за здравство. Во моментов и двата сајтови се недостапни и воопшто не може да се отворат.

Одговорноста за хакерскиот напад ја презема групата која стои зад профилот ANONOPSMKD, а која призна дека е одговорна за паѓањето на страницата на Тајм.мк, најголемиот македонски агрегатор за вести, во средата, додека сите медиуми ги пренесуваа вестите од резултатите од десеттите парламентарни избори.

-Пак ние. Овој пат најбедното министерство е наш таргет, Министерството за смрт. После се што видовме со наши очи не можеме а да не останеме глевни на сите тие синови и ќерки ставени на позиција да водат министерство за здравство каде што здравјето и животите на сите тука ни зависат! И покрај сите гневни пораки сега ќе испратиме и една добра: за сите медицински лица кои во моментов се во болниците и се борат 24/7 за сите Македонци заболени со ковид-19, ви спуштаме капа и ви се поклонуваме до земја. Секоја чест-стои во порака од хакерите.

Истата вечер хакнат беше и сајтот на Државната изборна комисија, но во интервју за ИТ.мк, ANONOPSMKD изјави дека не стои зад овој напад. Во истото интервју, објавено синоќа, тој најави дека хакерскиот напад над агрегаторот за вести е само почеток на она што следува.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content