СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Донирајте за Лео

Бранко Индов, татко на младиот Леонид кој со хеликоптер беше транспортиран на лекување во Виена изјави дека Фондот за здравство (ФЗОМ) денеска одбил да го покрие лекувањето на неговиот син. Донациите што претходно беа собрани од хуманите граѓани ќе покријат 3 месеци од лекувањето на Леонид во Австрија, но трите месеци кои следуваат, нема кој да ги покрие бидејќи Фондот за здравство го одбил барањето на семејството.

Семејството на Леонид Индов кој беше првиот пациент однесен со медицинскиот хеликоптер на лекување во Виена е згрозено од ставовите на ФЗОМ кои одбија да платат за третманот, со образложение, како што велат Индови, дека можел да се лекува во Македонија. Семејството прашува колку компетентни тие кои ја потпишале одлуката Леонид да не добие пари. Сега, во тек е собирањето на донации.

Се молат сите хумани граѓани кои се во можност за завртат на телефонските броеви, а повикот ќе ве чини 100 денари. Нашето малку за некого е многу. Да помогнеме за Лео.

Телефонски броеви за донација:

Т-МОБИЛЕ 143-118

А1 143-500

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content