Спорт

Хамилтон убедливо до ОСМИ триумф на Хунгароринг!

Светскиот шампион Луис Хамилтон е победник на денешната трка на Хунгароринг за Големата награда на Унгарија. До 86 победа во кариерата, односно рекордна осма победа на оваа патека , а трета по ред, Британецот стигна откако стартуваше прв и го сочува челното место до крајот и тоа на моменти имаше убедлива предност во однос на конкурентите. Бегаше за неколку секунди, па секако се зависеше од него да не направи некоја грешка или да му откаже болидот за да ја изгуби позицијата.

Но Хамилтон за разлика од претходната грешка во Австрија ја научи лекцијата и возеше сигурно, а најинтересните битки се водеа за другите места на подиумот како и за бодовите.

Другиот возач на Мерцедес Валтери Ботас жестоко ја бркаше втората позиција, а пет пати имаше најбрз круг, сепак, не успеа да застане веднаш до Хамилтон на подиумот. Второто место му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул, а Ботас се пласираше на третото место. Топ 5 го коплетираа Ленс Строл од Рејсинг поинт, и Себастијан Фетел од Ферари.

Да кажеме дека Ферстапен имаше проблем пред почетокот на трката откако излета и го оштети крилото на болидот кое мораше итно да биде заменето.

sportmedia.mk

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content