СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Доделeна државната награда „11 Октомври“ во Собранието

По повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание, денеска во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија, беше доделена државната награда „11 Октомври“.

Одборот за доделување на државната награда, за животно дело во областа на науката и образованието наградата ја додели на филологот проф. д-р Атанас Вангелов. Во областа на културата и уметноста наградата беше доделена на академскиот сликар Павле Кузмановски, актерката Бедиа Бегова и политикологот Махим Несими.

На конкурсот се пријавија околу 30-тина творци од сите области на живеењето, посочи Атанас Костовски, член на одборот.

– Треба сите да си ја вршиме работата како што треба, навреме. Само така ќе се заблагодариме и ќе и се оддолжиме на нераспролетената македонска младост која на овој ден пред 80 години силно извика да се чуе и во Берлин, Рим и во Софија „Смрт на фашизмот, слобода на народот, изјави Костовски.

Тој додаде дека со таа изјава е вграден животот во темелите на денешната современа и независна држава.

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ е составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата. Оваа година конкурсот за пријавување траеше од 6 до 31 август.

Наградата се доделува за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности од јавен интерес. Државната награда првпат е доделена во 1595 година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content