СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Има големи оштетувања на домови во Охрид, кризниот штаб прави проценки

Кризниот штаб во Охрид ја проценува штетата која ја имаат охриѓани. Освен оштетени автомобили, има и поплавени куќи. Градот уништил и кровови.

„Веднаш после завршувањето на состанокот на кризниот штаб при Општина Охрид, комисијата за проценка на штети излезе на терен. Во моментов се врши проценка каде што имаме сознанија дека се најголеми штетите, односно каде што има големи оштетувања на домовите“, напиша Пецаков.

Најпогодени се домовите во населбата Видобишта каде на поголем број куќу се оштетени крововите и е дојдено до поплавување, посочува градоначалникот.

„Се постапува и по пријавите за штети кои што се пристигнати и до Територијалната противпожарна единица и јавните претпријатија. Веднаш на терен излегува екипа и врши проценка дали станува збор за поплави и врши достава на пумпи или е за нешто друго. Постојано сме на терен и работиме на санација на оштетувањта кои се во голем обем. Сите граѓани кои имаат штети треба да ги пријават до Центарот за урпавување со кризи на телефонскиот број 112“, се додава во објавата на градоначалникот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content