СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Осум починати пациенти од Ковид-19, 199 нови случаи и 120 излекувани

Осум починати пациенти, 199 новоинфицирани и 120 излекувани е ковид билансот во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие се направени 1.545 тестирани кои покажале позитивни резултати кај 90 лица во Скопје, 24 во Свети Николе, 17 во Куманово, по 12 во Тетово и во Струга, девет во Штип, шест во Дебар, пет во Гостивар, четири во Охрид, по три во Прилеп, во Пробиштип и во Кичево, по две во Битола, во Ресен, во Кавадарци и во Струмица и по едно во Радовиш, во Крушево и во Демир Хисар.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 120 оздравени лица и тоа во Скопје – 94, во Дебар – 1, во Штип – 4, во Прилеп – 1, во Тетово – 9, во Струга – 1, во Охрид – 6, во Гостивар – 2, во Крушево – 1 и во Македонски Брод – 1. Починати се осум пациент од кои по еден од Скопје и од Штип, двајцата од Струга и четворица од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина тројца пациенти на возраст од 24 години, од 63 години, односно од 64 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка на возраст од 54 години, во Клиничката Болница во Тетотво починаа двајца пациенти на возраст од 70 години, однсоно 74 години, во Заводот за нефрологија во Струга почина пациент на возраст од 56 години, а во Општата Болница во градот и пациентка на возраст од 83 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.975, бројката на оздравени пациенти е 4.080, на починати е 376, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 3.519. Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје – 3.803, активни 1.864
Куманово – 848, активни 181
Дебар – 143, активни 81
Штип – 430, активни 165
Прилеп – 294, активни 61
Тетово – 856, активни 323
Струга – 312, активни 156
Велес – 201, активни 38
Битола – 70, активни 29
Охрид – 223, активни 131
Кавадарци – 25, активни 17
Гостивар – 216, активни 131
Гевгелија – 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица – 22, активни 13
Крива Паланка – 19, активни 9
Радовиш – 5, активни 1
Крушево – 10, активни 5
Кочани – 76, активни 16
Пробиштип – 35, активни 23
Демир Хисар – 6, активни 5
Македонски Брод – 8, активни 5
Пехчево – 6, активни 2
Берово – 4, активни 1
Валандово – 6, активни 0
Виница – 4, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 5, активни 2
Свети Николе – 112, активни 105
Кичево – 68, активни 59
Ресен – 134, активни 89
Неготино – 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.545 теста се преку ИЈЗ – 641, преку ЦЈЗ Скопје – 23, преку „Авицена“ – 208, преку „Биотек“ – 102, преку МАНУ – 134, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 228, преку „Систина“ со PCR метода – 181, преку ЦЈЗ Битола – 27 и преку лаборатории од странство – 1. Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на Ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени шест пациенти, вкупно се хоспитализирани 87 од кои на кислородна поддршка се 62, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасен пациент позитивни на Ковид-19, три деца позитивни вирусот и четири суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 септември“ се примени 14 нови пациенти, вкупно се хоспитализирани од кои на респираторна машина се поставени двајца.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип – 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар и во Струмица се хоспитализирани 111 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 309
Аеродром – 157
Бутел – 137
Гази Баба – 193
Центар – 143
Карпош – 143
Сарај – 124
Кисела Вода – 108
Ѓорче Петров – 101
Студеничани – 110
Шуто Оризари – 82
Арачиново – 45
Илинден – 28
Петровец – 18
Чучер Сандево – 11
Сопиште – 9
Зелениково – 13
Странец – 5
Нераспределен – 128.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content