СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

АВМУ организира онлајн дебата за медиумска писменост

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Институтот РЕСИС денеска организираат онлајн дебата на тема „Анализа на родовите аспекти во ТВ програмите за деца: Градиме ли критичка свесност кај децата?”.

На дебатата ќе бидат презентирани наодите од истражувањето „Анализа на родовите аспекти во програмите за деца на националните терестријални телевизии” изработено од Институт РЕСИС за АВМУ.

Дебатата е дел од Деновите на медиумска писменост 2021 кои, под мотото „Виртуелно или реално – правилата се исти! Да бидеме медиумски писмени”, годинава се одржуваат третпат и овој пат се посветени на децата и младите.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content