Локално

Прилепските автобуси што ги промовираше Заев, завршија со дефекти и се вон употреба, а чинеа 1 милион евра

Што се случи со 4-те болиди – нови автобуси на метан што лани во август, свечено ги пушти во употреба тогаш премиерот Зоран Заев? Како што објави Алфа, повикувајќи се на сопствени извори едниот, по неколкумесечното сервисирање во Скопје, завчера бил вратен во Прилеп, но повторно не бил во возна состојба, а додека другите два поради други помали дефекти подолго време стојат гаражирани во прилепскиот „Терминал“

Во полза на ова зборува и сликата од прилепските улици последните месеци каде сообраќаат само два автобуси: еден постар и само еден од новите. Директорот на јавното сообраќајно претпријатие во Прилеп не дал изјава за телевизијата со образложение дека е на состанот, и дека самиот ќе се јави и ќе објасни. Но тоа потоа не се случило.

Инаку четирите автобуси чинат еден милион евра. Самата набавка на овие автобуси, минатата година беше проследена со низа контроверзи, на што и локалните опозиционери постојано укажуваа. Тие се сомневаа за наместен тендер со единствениот понудувач – фирмата „Автокоманда“, како и за енормно високата цена од 250.000 евра по автобус. Исто така, проблем беше, а и остана, тоа што во Прилеп нема ни пумпна станица за метан, па автобусите се уште гориво танкираат во Битола.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content