Земјоделие

Започна електронското пријавување за субвенции

Почна пријавувањето за земјоделски субвенции за годинашната реколта. Заради корона кризата, малку подоцна, но и на нов начин. Годинава земјоделците треба да аплицираат електронски. На страницата на платежна агенција www.ipardpa.gov.mk треба да го поплнат барањето, потоа да го испечатат и по пошта да го пратат до агенцијата. Земјоделците кои не се во можност тоа сами да го завршат, ќе добијат помош.

Ако при пополнувањето на барањето, земјоделецот погреши некои од податоците, ќе може да изврши дополнување во рок од 30 дена сметано од денот на поднесување на барањето. Исправената грешка нема да биде никаква пречка при исплатата на субвенциите.

Земјоделците сега можат да аплицираат и за растително и за сточарско производство, а рокот за испраќање на апликациите е 31 овој месец.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content