Економија

Масовни отпуштања од работа во Германија

До јуни во германското биро за вработување се пријавиле речиси 3 милиони лица.

Германскиот експерт Роланд Бергер предупредува дека во Германија, паралелно со кризата од пандемијата предизвикана од новиот корона вирус Ковид – 19, бројот на невработени лица би можел да достигне и над 5 милиони лица.

До јуни, според актуелните податоци, во германското биро за вработување се пријавила 2.853.000 невработени.

– Верувам дека постои опасност да дојдеме до цифра од 5 милиони невработени, истакна Бергер и додаде дека очекува стаоката на невработеност да достигне до 10 отсто. Тоа, како што оценува, е огромна закана за германската економија.

Шефот на Социјалдемократската партија, Норберт Валтер Борјанс смета дека и актуелниот број во моментов е превисок.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content