Технологија

Американската FCC повторно ги означи Huawei и ZTE како опасност по националната безбедност

На американските компании им се забранува да го користат фондот од државата за купување на опрема од овие компании, како и нивните подружници

Ако чекавме на развојот на настаните поврзани со САД и Кина да отидат во нешто подобар правец, а посебно по дозволата од страна на Министерството за трговија американските компании да може да соработуваат во телата за развој на 5G технологија во кои учествува Huawei, работите сепак нема да продолжат позитивно.

Американската FCC, односно Федералната комисија за комуникации, ги означи повторно Huawei и ZTE како компании кои ја загрозуваат националната безбедност на САД. Со оваа нова одлука од FCC, на американските компании им се забранува пристап до државниот фонд вреден околу 8 милијарди долари за купување на мрежна опрема, доколку тие планираат да купат опрема од Huawei или ZTE.

Работите се отидено до таму што се бара од помалите оператори во САД кои веќе имаат опрема од Huawei, да ја променат со друг производител, а државата би била спремна да ги плати потребните трошоци.

Проблемот што го имаат американските власти со овие кинески компании е во тврдењето кое уште не е докажано, дека овие компании соработуваат со кинеските власти и им овозможуваат пристап до комуникациите преку нивната опрема.

Се истакнува дека такви се и законите во Кина, каде компаниите мораат да соработуваат со властите во работи кои се поврзани со следењето на комуникациите и слично.

Од Huawei ги негираат овие обвинувања, кои и така се далеку од докажани со конкретни докази, па работата изгледа сепак се сведува на трговската војна помеѓу САД и Кина.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content