СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

ШТРАЈКОТ ПРОДОЛЖУВА! СОНК: Наставниците и воспитувачите да не се плашат

Советот на СОНК веднаш ќе го прекине штрајкот доколку Владата ги усогласи платите.

Советот на СОНК бара интензивирање на преговорите. Конечниот договор ќе се регулира со спогодба меѓу двата социјални партнери. Штрајкот продолжува се додека не се договориме со надлежните по ова прашање, рече Јаким Неделков претседателот на СОНК соопштувајќи дека синдикатот  донел одлука дека заклучоците на вчерашната седница на Владата не водат кон решавање на проблемите.

Се врши силен притисок врз штрајкувачите. Се спори правото на штрајк, се бара причина зошто е организиран и зошто е прекинат образовниот процес. СОНК не чувствува одговорност за прекинот на наставата, одговорот треба да се побара на друго место. Советот на СОНК констатира дека одредени министри ги заплашуваат наставниците. Законско право е исплата на плати при штрајк. Наставниците и воспитувачите да не се плашат, рече Неделков.

Според него, понудените 10% зголемување на платите во образованието од Владата се бетонираат и не се остава простор по ова прашање.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content