Економија

Државата давала субвенции, газдите не им исплатувале плата на текстилните работници

Очаен период за текстилните работници. По предизвиците во Штип од вчера била затворена текстилна фабрика и во пробиштип, а работниците биле пратени на одмор. Нема информации колку текстилни работници сепак добиле отказ во овој период.  Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“, од Штип за Миа вели дека во овој период на многу работници не им е продолжен договорот.

„Гласен Текстилец“ во овој период забележал и неисплата на минималната плата на работниците во фирми што добиле државни субвенции од Владата.

Тоа се народни буџетски пари, а на листовите за плати гледаме нешто, исплата и по 3.000 или 4.000 денари. Неколку пати реагиравме со Државниот трудов инспекторат, постапуваат и навистина сме задоволни што се експедитивни и успешно се процесуираат сите тие случаи, посочи Ампева.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content