Економија

И препакувана морска риба е македонски производ

Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на COVID-19 кризата, домашната платежна картичка е наменета исклучиво за македонски производи и услуги, додека повратот на ДДВ преку МојДДВ за македонски производи е покачен од 15% на 20%. За да се информира јавноста што се спаѓа под „македонски производи“, Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со 16 често поставувани прашања.

Документот е изготвен заедно со Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Организацијата за заштита на потрошувачи, Царинска управа и УЈП. Истиот може да се најде на следниот линк https://finance.gov.mk/files/platezna_karticka.pdf

За целите на купување со домашната платежна картичка, производ може да се смета како домашен – македонски производ, доколку се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content