Култура

Јавна анкета на која граѓаните гласаат со отпушоци наместо да ги фрлаат на земја

Битолчани ја покажаа својата креативност и еко свест – на неколку локации поставија две во едно табла како место за отпушоци и јавна анкета за тоа што сакаат граѓаните.

На социјалните мрежи вирално се шират фотки од одлична иницијатива на битолчани – „не фрлајте отпушоци, гласајте“!

Активистите од „Поинаку“ на неколку места низ градот поставија јавна еко анкета која служи како место за отпушоци.

Наместо да ги фрлаат на земја отпушоците, битолчани сега може да гласаат со нив за тоа што најмногу го сакаат и притоа истите да завршат на соодветно место.

Опциите за гласање се: 

  • Зимско-летен туристички центар Пелистер
  • Чист воздух во Битола
  • Велосипедски патеки
  • Реконструирани улици 
  • Модерен спортски комплекс

Секоја чест за идејата – пример за сите градови:

bravo-bitolchani-javna-anketa-na-koja-gragjanite-glasaat-so-otpushoci-namesto-da-gi-frlaat-na-zemja-03.jpg

bravo-bitolchani-javna-anketa-na-koja-gragjanite-glasaat-so-otpushoci-namesto-da-gi-frlaat-na-zemja-05.jpg

bravo-bitolchani-javna-anketa-na-koja-gragjanite-glasaat-so-otpushoci-namesto-da-gi-frlaat-na-zemja-06.jpg

bravo-bitolchani-javna-anketa-na-koja-gragjanite-glasaat-so-otpushoci-namesto-da-gi-frlaat-na-zemja02.jpg

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content