Спорт

Шок и невеpyвање од навивачите: Мecи пocле 20 години ја напyшта Бapceлона

Лионел Меси ги прекина сите преговори околу продолжување на договорот и ќе ја напушти Барселона следното лето.

Престижното радио „Кадена сер“ околу полноќ ја објави бомбастичната информација која ја пренесоа сите шпански медиуми.

На Аргентинецот тогаш му истекува договорот и редовите на каталонскиот гигант би ги напуштил како слободен играч после 20 години минати во него.

Меси е огорчен со ситуацијата во клубот на сите нивоа, а и се презасити, па одлучи да ги прекине преговорите околу продолжување на соработката. Ќе одигра уште една сезона, колку што договорот го обврзува со Браселона и потоа ќе замине, објавено е околу полноќ во емисијата Ларгуеро“.

Имајќи предвид дека „Кадена сер“ е најслушано радио во Шпанија, оваа вест веднаш одекна, иако беше објавена доцна во ноќта.

 

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Види истотака

Close
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content