СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Денеска е Светскиот ден на фармацевтите

Под мотото „Доверете ни го вашето здравје“, денеска, 25 септември, се одбележува Светскиот ден на фармацевтите.

Годинашното мото е избрано токму поради фактот што во оваа ера на пандемија, токму довербата што пациентите ја имаат кон здравствените работници, меѓу кои и фармацевтите како едни од најдостапните, е таа што ни помага полесно да се соочиме со коронавирусот.

По тој повод, од Фармацевтската комора на Македонија истакнуваат дека постои значајна корелација помеѓу довербата во здравствените работници и резултатите од лекувањето на пациентите. Анкетите покажале дека во различни клинички оддели, со поголемата доверба во здравствените работници, пациентите изразиле поголемо задоволство од лекувањето и покажале многу поповолни здравствени резултати, а пројавиле и помалку симптоми и поголем напредок во квалитетот на животот.

Се додава дека има три клучни елементи потребни за доверба, а тоа се позитивните односи, компетентноста/вештината и доследноста.

Од Фармацевтската комора информираат дека бројни истражувања веќе години наназад, во континуитет ги сместуваат фармацевтите меѓу петте најдоверливи здравствени работници. Исто така, и едукаторите се постојано во првите пет и, според најновите истражувања, научниците се едни од најдоверливите луѓе во светот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content