Култура

Осумдесет основци од Североистокот учеле за медиумска писменост

Околу 80 ученици од деветтите одделенија од основните училишта од Крива Паланка, Ранковце и Кратово поминаа обуки за медиумска писменост во рамки на проектот „Медиумско описменување за критичен младински став“ на Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка. Жаклина Цветковска од центар за аудиовизуелни уметности, координатор на проектот информира дека активностите од проектот траеле осум месеци и опфатени биле 80 ученици од деветто одделение од основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ од Крива Паланка, „Х.Т.Карпош“ од Ранковце и „Кочо Рацин“ од Кратово.

– Беа спроведени повеќе проектни активности за формирање на критичко мислење кај младите, препознавање на лажни вести, заштита од интернет злоупотреби и креирање на медиумски пораки. Со тоа, ученциите ги зајакнаа медиумските вештини преку интерактивни и креативни работилници, со практични методи за препознавање и селекција на информациите што стигнуваат до нив, нивно разбирање и градење критичен став, изјави Цветковска. Дел од работилниците се резлизирани со физичко присуство на уечнциите, во првото полугодие од 2019/20, дел онлајн, во време на пандемијата.

– Младите беа едуцирани како да бидат сигурни и безбедни на интернет, како да се заштитат од интернет злоупотреби, но и да ги почитуваат правилата за  добро однесување во интернет комуникацијата, со покажување инклузивност и емпатија, истакна Цветковска. На завршната прес-конференција промовирани беа и резултатите од спроведените анкети, според кои основците ја подобриле медиумската писменост за 29 отсто, а знаењето за сигурност и безбедност на интернет за околу 72 отсто. Во рамки на проектот изработени се и дистрибуирани 15 едукативни прилози и 10 видео пораки за медиумската и дигитална писменост.

– Поради коронавирусот и затворањето на училиштата некои активности беа преобразени, пред се, планираните младински акции за медиумска писменост.  Тие беа прилагодени на оналјн дебати за предизвиците, што беа наметнати од здравствената криза, односно на дигиталното образование и јавниот настап и јакнењето на самодовербата кај младите при онлајн комуникацијата, посочи Цветковскa.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content