Култура

„Браќа Манаки“ ќе се одржи без странски гости во септември

Филмската критичарка Гена Теодосиевска го доби вториот мандат да го раководи Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Таа беше изгласана на последното собрание на Друштвото на филмските работници на Македонија.
Филмските работници се согласија дека „Браќа Манаки“, кој вообичаено се реализира во септември, нема да може да има традиционално издание со гости од странство и со програма како досега, со оглед на тоа дека големи филмски фестивали од А-категорија како Кан, Карлови Вари, Локарно и други беа откажани поради корона-кризата.

– Засега сум сигурна дека нема да каниме гости од странство затоа што ситуацијата е таква. Начелните датуми за фестивалот се од 19 до 26 септември. Фестивалот ќе го реализираме во услови што ќе бидат соодветни, најверојатно со програми на отворено, но тоа допрва ќе го договориме – ни изјави Теодосиевска.

Она за што се согласни филмските работници е дека формата на одбележување на 41. издание на фестивалот треба да кореспондира со вредноста на фестивалот и затоа ќе се вложи креативна енергија и напор истата да се зачува.

Фото: Фестивал „Браќа Манаки“

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content