Спорт

Владата ја прекина забраната за екипно спортување

Конечно прекин на долгата пауза во македонскиот спорт откако владата денеска ја укина забраната за екипните спортови кои престанаа со активности кон средината на месец март.
Владата на Република Македонија со тоа ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и дозволи националните федерации да започнат со организирање спортски настани без присуство на публика.
„„На денешната седница, Владата донесе одлука со која престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови и ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести федерациите да го отпочнат организирањето спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари без публика и на другите препораки кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите“, се вели во соопштението на Владата.
Секоја спортска федерација ќе изработи протокол за натпреварување, а спортските клубови и спортистите ќе треба максимално да ги почитуваат.
Први се очекува да стартуваат фудбалските шампионати на Македонија и тоа на  9-ти  август  кога ќе започне првенството во Првата МФЛ.  ОД ФФМ денеска го објавија протоколот за тренинзи и одигрување фудбалски натпревари кој е прифатен од Главниот координативен кризен штаб.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content