Здравје

Рекордни 12 починати во изминатото деноноќие, 132 заразени со Ковид-19 и 112 оздравени

Изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани 132 нови случаи на заболени од коронавирусот, со тоа бројката на активни случаи се искачи на близу 3.500 лица.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19, а починати се 12 лица, што е рекорден број на починати од почетокот на пандемијата. Пет од починатите пациенти се од Скопје, еден е од Штип, двајца од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62-годишна возраст. Во Институтот за белодробни заболувања за деца-Козле почина пациентка од Скопје на возраст од 83 години, а потврдена позитивна денес.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content