Спорт

Филип Чурлевски е нов играч на РК Прилеп

Прилеп потпиша уште еден ракометар, од денес и официјално нов член е Филип Чурлевски.

Станува збор за играч кој четири сезони го носеше дресот на Е. Пелистер. Претходно Чурлевски настапуваше за екипата на Вардар Јуниор и матичниот Пелистер.

Чурлевски исто така е и поранешен репрезентативец на Македонија односно настапуваше на Светското Првенство во 2019 кое се одржуваше во Данска и Германија.

“Без сомнение Филип ќе биде големо засилување за составот на Горан Кузманоски.
Му посакуваме успеси во составот на Прилеп како што тоа го правеше неговиот покоен татко во дресот на Тутунски Комбинат и подоцна од клупата на Прилеп.
Добредојде во Прилеп, Филип”, порачаа од РК Прилеп.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content