СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Прилепчанец преку здружение собирал донации, парите оделе на сметка на неговата сопруга

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Д.(47) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во периодот од 2015 до крајот на 2020, лажно претставувајќи се како овластен застапник на здружение од Прилеп, иако имал овластување да раководи со средствата на здружението покрај овластеното лице Г.К од Прилеп, како законски застапник на здружението, во име на здружението изготвувал и лично доставувал „барања за донации“ до различни правни субјекти, јавни претпријатија и физички лица.

Како овластено лице на сметката од здружението, во наведениот период ги подигал сите донирани парични средства и ги искористил за лични цели.

 

Покрај ова, во дел од барањата за донации, наместо сметката на здружението, ја навел трансакциската сметка на неговата сопруга и на ваков начин, покрај веќе споменатите средства, противправно се стекнал со парични средства кои по основ на донации се слевале на сметката на неговата сопруга.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content