Спорт

Падна договор, НБА го претстави планот за враќањето на сезоната

НБА го претстави конечниот план за враќање на сезоната. Истата ќе продолжи на 30 јули на Флорида во „Дизни Ворлд“ во Орландо. Постигнат е договор според кој мечевите ќе се играат во три сали, без публика.

Во продолжението од НБА лигата ќе учествуваат 22 екипи – 13 од Западната и 9 од Источната конференција.

НБА лигата доби дозвола од владата на САД сезоната да продолжи, а правилата и мерките се ригорозни. Најсилната кошаркарска лига на светот ќе се занимава и со ситуацијата околу расната еднаквост, па големо внимание ќе се посвети на „црната заедница“.

НБА ќе им дава стимулации на сопствениците кои се афро-американци, а ќе започне и добротворна кампања, каде ќе им помага на младите афро-американци.

Кога станува збор за коронавирусот, стручните штабови и сите тренери, раководители на екипи и сите останати ќе бидат редовно тестирани.

„Долго со Асоцијата на играчи работевме на планот и програмата за рестарт на сезоната и во прв план ја ставивме безбедноста и здравјето на играчите. Му благодариме на нашиот домаќин Дизни, кој се понуди да не нагости и ни помогна за сезоната да продолжи. Исто така, се заблагодаруваме на сите медицински работници и стручњаци за заразни болести, кои ни помогнаа за сите медицински протоколи и работи кои мораме да ги почитуваме“, изјави Адам Силвер.

Првите седум тимови од Истокот и Западот ќе играат плеј-оф, додека преостанатите тимови ќе се борат за осмото, последно место кое води во доигрувањето.

На Истокот тоа ќе бидат Орландо Меџик, Вашингтон Визардс и Бруклин Нетс, додека на Западот за две места ќе се борат Мемифис Гризлис, Њу Орлеанс Пеликанс, Сакраменто Кингс, Портланд Трејл Блејзерс и Сан Антонио Спарс.

Тимот со најмногу поени во регуларниот дел од сезоната и ова „доигрување за доигрување“ одат во плеј-офот.

Ако се случи тимовите да бидат израмнети и да имаат ист број на победи, ќе играат плеј-ин.

Сезоната ќе заврши на 13 октомври, стои во соопштението на НБА лигата.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content