СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на Буџетот пред пратениците на 27 октомври

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и Законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на средба со новинарите изјави дека пратеничките групи побарале законот да не биде ставен на седницата на 20 овој месец за да се усогласат за одредени прашања. Но, Џафери истакна дека поради разногласието на партиите нема намера да свикува седница само за една точка на дневен ред по скратена постапка и ги информирал дека наредната седница ќе биде на 27 октомври.

На седницата на 27, доколку се постигне договор меѓу парламентарните партии би можело на дневен ред да биде и избор на Уставен судија.

 

До седницата се очекува да заврши изолацијата на тројцата пратеници кои беа позитивни на Ковид-19. Според Џафери, тие се во добра здравствена состојба.

Во однос на објавените информации во јавноста за набавка на 100 компјутери за пратениците, претседателот на Собранието потенцираше дека станува збор за компјутери набавени за службата на Парламентот, а не за пратениците и дека тоа најмалку има врска со одржување на онлајн седници. Компјутерите се набавени во рамки на проект на Швајцарската амбасада и НДИ.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content