Локално

На 15 јули да има обнова на патишта, а не на режим

Зоран Заев, лидерот на СДСМ од Прилеп

За три години видовме сите што значи да се гради по план. Патишта, инфраструктура и капитални објекти кои за луѓето живот значат, од едната страна, и барок, стиропор и провизии од другата страна. Патиштата изградени во времето на Тито беа заборавени десетици години да се распаѓаат пред очите на народот. Ние тоа го запревме! Ова го посочи лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска во Прилеп.

Според него се реконструирала инфраструктурата што цела деценија стоела недопрена и оставена во заборавот на режимот.

– Дека градиме по план, за денес и за утре, говори и капиталниот проект, модерен, функционален ИКТ Центар за потребите на Министерството за внатрешни работи. Ова е значаен капитален објект од важност за целата држава. Овој проект финансиран од нашите партнери од ЕУ е значаен за безбедноста, за зачувување на интересите на граѓаните и интересите на Република Северна Македонија, бидејќи и во случај на катастрофи, дигиталните податоци ќе може да се зачуваат тука и системот да функционира без проблеми. Сериозни зафати се изведени и на самото вештачко езеро, каде со реконструкција на темелниот испуст на браната, кој не бил променет уште од 60-тите години на минатиот век, се решава децениски проблем на земјоделците од овој регион. Сега, земјоделците во Прилеп и Прилепско, имаат доволни количества на вода за наводнување за земјоделските површини – рече Заев, потенцирајќи дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои нуделе единствено обнова на режимот, тие носеле одлуки и решенија во интерес на граѓаните и државата.

Заев побара на 15 јули граѓаните да одберат да продолжат по правиот пат и да не дозволат обнова на режимот.

– На 15 јули бираме обнова на патишта, а не обнова на режимот – рече Заев.

На прилепчани им се обрати и кандидатот за пратеник во ИЕ 4 Миле Талевски, кој
ја побара довербата од граѓаните за реализација на проектите за подобар живот.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content